БИРН Србија: Мистериозен македонски производител на муниција – силна потпора и трага до „цвеќарот на Звицер“

БИРН

Шефшет Демировски е сè помоќен играч на пазарот за производство на муниција. Сепак, во Србија, тој беше поврзан со две шпионски афери, а истражувачката мрежа БИРН Србија открива дека во еден од тие два случаи, неговата казна за опортунитет во 2022 година ја платил Александар Милојевиќ, познат по прекарот „Аца Цвеќар“, кој моментално е на судење како член на група вклучена во прекуграничен шверц на кокаин.

Според БИРН.рс, малку информации се достапни во јавноста за Шефшет Демировски. Овој 50-годишен бизнисмен – со поддршка од Македонија, деловни врски во Турција и поранешен генерал на НАТО во советодавниот одбор на компанијата – за само неколку години стана еден од најамбициозните производители на муниција од мал калибар и воена опрема во Македонија.

Имено, Демировски е сопственик на три фабрики во Северна Македонија кои работат во рамките на компанијата ATS Group.

Сепак, во два наврати, во 2019 и 2024 година, тој беше поврзан со индустриска шпионажа во Србија.

Имено, во 2019 година, тој беше обвинет за поткуп на поранешен вработен во фабриката за муниција „Први Партизан“ од Ужице, со цел да добие доверливи информации за технологијата за производство на муниција.

Потоа, во 2024 година, беа уапсени тројца инженери за оружје кои претходно или во тој момент работеле во фабриката „Крушик“. Тие беа осомничени дека доставувале доверливи информации до Македонската компанија – за која работеле и тие – поточно до „АТС Груп“.

„Овие типови постојано се појавуваат“, изјави за БИРН воениот аналитичар Александар Радиќ, осврнувајќи се на Демировски, нарекувајќи го „малиот Тешиќ“, алудирајќи на српскиот трговец со оружје Слободан Тешиќ, кој со години имаше профитабилни зделки со српската држава и покрај тоа што беше ставен на црната листа на САД и помина една деценија под санкции на ОН.

Аца Цвеќар

Во врска со првиот случај од 2019 година, БИРН.рс пишува дека трагата на парите во Србија открива дека можноста Демировски во случајот со давање поткуп за доверливи информации за муниција на „Прв Партизан“ ја платил Александар Милојевиќ, попознат како „Аца Цвеќар“ бидејќи поседува компанија што продава цвеќе, а кој подоцна беше обвинет за помагање во префрлање пари од шверц со кокаин.

Патем, медиумите во Србија го нарекоа Милојевиќ „цвеќарот на Звицер“ поради неговата наводна соработка со Љубо Миловиќ, еден од блиските соработници на водачот на кавачкиот клан, Радој Звицер.

БИРН.рс во својата истражувачка сторија пишува дека Демировски не одговорил на прашањата испратени на официјалната е-адреса, како и на низата пораки испратени преку комуникациските апликации Viber, Signal и WhatsApp.

Пораките испратени на Viber само се означени како „видени“.

Прочитајте ја целата сторија на БИРН.рс тука.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?