Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: Во секој меѓународен договор стандардна е клаузулата за арбитража и плаќањето аванс

Во секој меѓународен договор стандардна процедура е клаузулата за арбитража и плаќањето аванс, вели заменик претседателот во Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи за Рацин.мк, демантиарајќи ги обвинувањата од страна на опозицијата дека овие аспекти се штетни во договорот со „Бехтел и Енка“.

Како пример го наведува договорот со „Окта“, кој исто така заврши на арбитража. Но, вели Битиќи очигледно некој сака различно да ги гледа работите и од тоа да прави дневна политика.

„За жал сè е исто само нив ги нема и затоа изгледа различно. Ова го велам зашто јас ги знам деталите од различни работи. Кога зборуваме за арбитражата ги знам сите арбитражни постапки што се почнати заради нивните решенија. И тогаш сè било исто. Земете го договорот со „СиноХидро“ и ќе видите дека и таму имало аванс, ама никој тоа не го коментирал. Земете ги сите други автопатски решенија, сите други градби како водовод, канализација, градинки, секаде има аванс, тоа се стандардни процедури. И храна да нарачате он лајн ќе ви бараат аванс од триесет посто. За среќа кај нас во градежништвото авансот остана десет посто. Значи сè се тоа стандардни процедури, но некој сака заради дневно политички агенди нив така да ги прикажува. Но јас сум спремен да земеме било кои пет договори во градежништвото и да видиме ако еден од тие пет нема аванс, ние веднаш ќе го ревидираме и овој. Нема таков затоа што тоа се меѓународни договори што ги работат консултанти“, истакнува вицепремиерот задолжен за координација со економските ресори и инвестициите Битиќи.

Битиќи вели дека во јавноста има многу прашања и тоа е добро, но, како што нагласува, не сака да верува дека дел од тие прашања, особено од одредени структури се нивни прашања, туку се нарачани прашања од одредени ретроградни сили кои едноставно не сакаат конечно нашата земја го фати правецот што го заслужува, а тоа е правецот на раст и развој.

Зачлени се на нашиот е-билтен