Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ДИМИТРИ ИОАНУ: Историско признавање на македонскиот јазик во Грција

„Центарот за македонски јазик” во Грција е прва организација од ваков вид што неодамна беше прифатена и регистрирана од грчките државни органи.

За овој историски настан, австралиското радио „СБС на македонски” разговараше со Димитри Иоану, еден од основачите на центарот.

„Ние мислиме дека она што придонесе за овој успех, е нашата борба и можностите што ни ги дава законот, како и некои мали, но сепак позитивни промени кон демократизација во грчкото општество“, истакнува Иоану.

„Центарот за македонски јазик” во Грција нуди бесплатни часови по македонски јазик преку интернет.

Целиот поткаст со Иоану на „СБС на македонски” на следниот линк.

Преземено од Фронтлајн.мк

Треба да знаете
Moже да ве интересира