Директорот на „БМЗ“ Свен Бауер за инвестицијата во ТИРЗ: Инвестираме на места каде ќе останеме долго време

Бараме место за инвестиција каде ќе останеме долго време, вели во изјава за МИА Свен Бауер, извршен директор и основач на германски БМЗ, компанијата со којашто денеска во Франкфурт беше потпишан договор за инвестивија од 65 милиони евра во ТИРЗ Скопје 2.

Бауер истакна дека долго време низ цела Европа барале добра позиција за реализација на инвестицијата.

-Не сме  компанија која бара краткорочен пазар за реализација на инвестицијата. Напротив, бараме место каде што ќе останеме долго време, рече Бауер.

Првично, најави тој, ќе почнеме со батерии што се користат најмногу во градинарството, косилки, помали алати на батерии, различни типови на бормашини. – Вториот чекор се поголем тип на батерии за електрични велосипеди, а следниот голем чекор што го планираме се системи каде ќе се чува создадена енергија преку  соларни панели и преку домаќинствата, изјави  Бауер.

Тој посочи дека ангажманот на работната сила ќе биде и преку соработка со факултетите и оти уште во тек на студиите ќе го претставуваат светот на производство на батерии што се користат во електрични уреди со цел да ги привлечат студентите да се одлучат за тие студиски насоки.

– Исто така и вработените што ќе бидат во Македонија сакаме да ги донесеме тука во нашиот тренинг центар каде првично ќе им понудиме специјализирана тренинг обука за производството што ќе се прави таму и потоа да бидат подготвени за стартот, рече Бауер.

Новата инвестиција ќе отвори над 750 работни места, а ќе се реализира во наредните 10 години. Ќе стартува како браунфилд, на постоечки објект, а новиот капацитет ќе биде во ТИРЗ Скопје 2. Договорот беше потпишан во седиштето на БМЗ од страна на Бауер и директорот на ДТИРЗ Јован Деспотовски во присуство на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Поврзано:

Треба да знаете
Moже да ве интересира