Објавен е извештајот за индекс за демократија во 2022 година, според кој Македонија повторно е едно место погоре. Од изборите во 2016 година до денес, индексот е покачен од 5.23 на 6.10. Западен Балкан бележи подобрување и враќање на индексот од пред пандемијата, додека од регионот најмногу има во Македонија, Црна Гора и Молдавија.
Според овој извештај, просечниот резултат на глобалниот индекс минатата година стагнирал.
„И покрај очекувањата за враќање по укинувањето на ограничувањата поврзани со пандемијата, резултатот беше речиси непроменет, на 5,29 (на скала од 0-10), во споредба со 5,28 во 2021 година. Позитивниот ефект на враќањето на индивидуалните слободи беше откажано од негативните случувања на глобално ниво. Резултатите на повеќе од половина од земјите измерени со индексот или стагнираа или опаднаа. Западна Европа беше позитивен исклучок, бидејќи беше единствениот регион чиј резултат се врати на нивоата пред пандемијата“, пишува во извештајот.
Покрај објаснувањето за промените во глобалното рангирање и длабинскиот регионален преглед, последното издание на извештајот за демократскиот индекс на EIU истражува зошто демократијата не успеа во Русија, како тоа доведе до актуелната војна и зошто демократијата во Украина е поврзана со нејзината борба за суверенитет.
Индексот за демократија на EIU дава слика за состојбата на демократијата во 165 независни држави и две територии.