Маричиќ: Местото за разговори за предлозите за уставните измени е во работната група, а не на прес-конференции

„Се надевам дека сите партии ќе дадат номинации за работната група за уставните измени, бидејќи местото за размена на идеи, давање на предлози и дефинирање на Преамбулата на Уставот е таа работна група. Не пред камери и на прес-конференции“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Тој додаде дека вистински момент е разговорите да се водат во работната група, да се извади еден заеднички предлог од таа работна група и потоа да се даде простор за дискусија во Собранието и во општеството.

„Ќе се трудиме да ги убедиме сите партии да учествуваат во работната група. Логично е прашањето зошто за некои партии валидно е да се соопштуваат ставови на прес-конференции и изјави, а е проблематично тие ставови да ги разговараме во работна група“ запраша Маричиќ.

Вицепремиерот кажа дека при разговорите за Изборниот законик, кога тој беше министер за правда, имало различни ставови, дел од нив биле и јавно искажани, но во работната група се дискутирало за да се постигне заедничко решение.

„Попрактично, поодговорно и подобро за државата и граѓаните е во работната група да земат учество сите политички партии. Да не се плашат и да учествуваат, бидејќи и јавно ги изнесоа ставовите. Тие ставови ќе ги соочиме во работната група и ќе дојдеме до заеднички решение да изнајдиме македонски модел за вградување на овие заедници во Преамбулата“ рече Маричиќ.

Треба да знаете
Moже да ве интересира