МЗ иницира вонреден инспекциски надзор за третманот што го добила Љубица Шавреска која го загуби плодот

Откако јавноста се вознемири од случајот со медицинската сестра Љубица Шавреска од Охрид која низ бoлничко патешествие го загуби плодот, со реакција се јави Министерството за здравство.

Оттаму велат дека со внимание ги следат и сочувствуваат со наводите изнесени во јавноста од страна на Шавреска.

„Свесни за тежината на искуството на пациентката и со цел целосно и објективно да се утврдат сите околности, Министерството веднаш иницираше барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за спроведување надзор над постапувањето на здравствените установи и медицинскиот персонал вклучени во случајот. По спроведениот вонреден инспекциски надзор од страна на ДСЗИ, Министерството за здравство ќе формира комисија за стручен надзор над работата на здравствените работници кои учествувале во лекувањето на пациентката.

Министерството за здравство ќе постапи исклучиво професионално, врз основа на утврдени факти и стручни наоди. Доколку во постапката на инспекциски надзор се утврдат евентуални пропусти во постапувањето, Министерството ќе постапи целосно согласно важечките законски прописи“ велат од МЗ.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?