Охридското Езеро се повлекува

Охридско
MirkoS18, CC BY-SA 4.0 , via Wikimedia Commons

Водостојот на Охридското Езеро подолг период континуирано се намалува и веќе е само пет сантиметри над повеќегодишниот просек за октомври.

Според последните мерења на УХМР од 2 октомври, нивото на езерото е на кота од 693,36 метри надморска височина.

Просечната кота за октомври изнесува 693,31 метри, што значи дека актуелниот водостој е само пет сантиметри над просекот.

Во однос на минимално дозволеното ниво, езерото е 26 сантиметри повисоко. Минималната дозволена кота изнесува 693,10 метри.

Најголемиот пад на водостојот бил регистриран меѓу 11 и 13 август, кога нивото на водата се намалило за десет сантиметри.

Оттогаш трендот на опаѓање продолжува.

Иако Охридското Езеро сè уште е над повеќегодишниот просек за овој период, намалувањето на водостојот е видливо долж брегот.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?