На целата територија на Општина Аеродром деновиве се спроведува есенска дератизација, со која се опфатени 3.000 шахти. Во нив ќе бидат поставени вкупно 9.000 мамци за уништување на глодачите.
Дератизација се спроведува и во сите основни училишта и градинки на територијата на општината.
Акцијата е дел од редовните превентивни мерки за намалување на ризикот од појава и ширење болести што можат да ги пренесуваат глодачите.
Есенската, како и пролетната дератизација, се спроведува во соработка со Центарот за јавно здравје – Скопје.
