За 11 дена почнува грејната сезона – проверете го парното навреме

Официјалната грејна сезона започнува на 15 октомври, па домаќинствата приклучени на централното греење имаат уште единаесет дена да ги проверат радијаторите и внатрешната грејна инсталација и навреме да ги отстранат евентуалните дефекти.

Грејната сезона трае до 15 април, а испораката на топлинска енергија може да почне и порано доколку временските услови го наложат тоа.

Пред почетокот на сезоната, корисниците треба да проверат дали има протекување од радијаторите, вентилите и цевките, како и дали претходно започнатите интервенции на инсталацијата се целосно завршени.

ЕСМ во претходните грејни сезони апелираше до потрошувачите и заедниците на сопственици навреме да ги отстранат дефектите на внатрешната инсталација. Управителите на зградите треба да овозможат пристап до топлинските станици и да обезбедат нивно постојано напојување со електрична енергија.

Ова е важно бидејќи проблем во внатрешната инсталација на една зграда може да биде причина топлинската енергија да не стигне навреме до становите иако системот за централно греење веќе работи.

Испораката на топлинската енергија во текот на октомври зависи и од надворешните температури. Кога времето е потопло, системот работи со намален интензитет или се исклучува, а со падот на температурите испораката повторно се зголемува.

Според правилата, грејната сезона може да започне и пред 15 октомври доколку средната надворешна температура падне под предвидените граници.

Затоа, наместо првиот студен ден да покаже дека радијаторот протекува или не грее, сега е периодот да се проверат вентилите, радијаторите и инсталацијата во домот.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?