Да се нема проценка за тоа каде оди светот и ние на најнервалгичната точка на македонскиот политички систем која се вика меѓуетнички односи, отвораме тотално падната од небо тема. На кого тоа сега му треба да отвораме дебата за грбот и химната, праша во „Само вистина“ политичкиот аналитичар Сашо Ордановски.
Тој додаде дека зад таквите најави за промена на државните симболи, можеби стои јасно смислен план, со цел да се збуни и радикализира јавноста, а такво сценарио, според Орданоски би му одговарало само на Владимир Путин.
„Можеби е тоа и план, да се збуни општеството, да се радикализира. Знаете како, социјалните мрежи не спијат, не мируваат и сето тоа ќе стане таму многу хистерично. Како да немаме милион други попаметни работи, ние сега најдовме да отвораме разговори, не знам ни дали се разговори, за менување на грб и химна. Веќе јавноста е возбудена, па и да не дојде до формален процес, целта е веќе постигната. Целта која што може само Путин ја посакува, а можеби и од Путин е инспирирана, така ми личи“, рече Ордановски.