Оваа власт е предавничка, со неа само тонеме, смета Филипче

Филипче

„Оваа власт мора да се смени. Оваа власт е предавничка. Ги предаде националните интереси и интересите на граѓаните, затоа што лаже дека има некаков ризик во уставните измени“, истакна во изјава за медиумите претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Политиката е динамичен процес и државата мора да продолжи по европскиот пат без одложување, порача Филипче, упатувајќи остри критики до актуелната власт.

Во изјавата тој нагласи дека граѓаните и државата не го заслужуваат сегашниот тек на настаните и дека единствената опција е континуиран напредок кон Европската Унија.

„Ако од 1991 година досега тој пат бил макотрпен, еве и сега гледаме дека е тежок, но мора да го продолжиме – нема друга алтернатива. Затоа што сè друго е разочарување и губење на оптимизмот кај младите, кај пензионерите, земјоделците, докторите, наставниците – кај сите“, се наведува во изјавата.

Филипче оценува дека нема ризик во носењето на клучните одлуки поврзани со европската интеграција, вклучително и уставните измени, и дека тие се неопходни за отворање на процесите и зајакнување на институциите.

Во изјавата на Филипче има директни обвинувања кон актуелната власт, за која се тврди дека ја доведува државата во застој.

„Само ќе тонеме, ќе водиме дебати, ќе разговараме за различни форми и како наводно да ги зајакнеме, но тоа не е суштината. Оваа власт мора да се смени. Оваа власт е предавничка. Gи предаде националните интереси и интересите на граѓаните, затоа што лаже дека има некаков ризик во уставните измени. Тоа се случува во овој момент и ќе се случи, а граѓаните ќе си дојдат по своето“, рече Филипче.

Зачлени се на нашиот е-билтен