Променливо време со сончеви периоди ќе преовладува денеска во Македонија, но во попладневните часови во повеќе делови од земјата се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.
На одделни места врнежите може да бидат придружени со засилен ветер и појава на град. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени, а дневните максимални ќе достигнат од 28 до 34 степени.
Во Скопје ќе има сончеви периоди со мала до умерена облачност. Попладне и во главниот град има услови за локална нестабилност, а температурата ќе се искачи до околу 33 степени. Утринската ќе биде околу 17 степени.
