Полицијата во Охрид приведе 33-годишен маж од Велес по пријава од 21-годишна државјанка на Шведска дека била силувана во ноќен клуб во градот.
Според информациите од МВР, К.С. бил лишен од слобода на 10 август во 18:30 часот поради основано сомнение дека сторил кривично дело „силување“.
Неколку часа претходно, во 14:35 часот, младата Швеѓанка го пријавила случајот во СВР Битола. Таа навела дека во ноќта меѓу 8 и 9 август, додека се наоѓала во ноќен клуб во Охрид, 33-годишниот маж извршил обљуба врз неа.
Од полицијата не соопштуваат дополнителни детали за околностите под кои се случил настанот, ниту за конкретниот ноќен клуб.
МВР најавува дека по целосното документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.
