Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ: Прифаќањето на уставни измени од страна ВМРО-ДПМНЕ е основа за продолжување на дијалогот

СДСМ во текот на денешниот ден ќе има седници на Извршниот и Централниот одбор на кои ќе се дискутира за начинот и текот на дискусијата со ВМРО-ДПМНЕ, изјави на денешната прес-конференција пратеникот и портпарол на партијата Дарко Каевски.

– Уште еднаш ќе потенцираме, добро е што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се согласуваат за уставните измени затоа што со тоа ќе придонесеме заеднички да ја исполниме децениската аспирација на граѓаните и нешто што им должиме на граѓаните, а тоа е европскиот пат на државата, рече Каевски.

Разговорите очекува да продолжат во позитивен правец.

– Заеднички да се радуваме на сето она што претстои и што е потребно да се направи за европскиот пат на државата. Одложеното дејство на уставните измени за нас е прифатливо до одржувањето на втората меѓувладина седница, тоа го има и во преговарачката рамка, така што на вечерашната седница на ИО и ЦО на СДСМ ќе се дискутира и конкретно за начинот и продложување на дискусиите и разговорите со ВМРО-ДПМНЕ. Важно е во овој момент да покажеме дека можеме заеднички да продолжиме напред и важно е да го поддржиме европскиот пат на државата, затоа што тоа им го должиме на граѓаните, нагласи Каевски.

Каевски рече дека „нема никаква потреба ВМРО-ДПМНЕ да манифестира толку голема нервоза затоа што променија став и прифатија уставни измени, како и учество во широка Влада за европска интеграција“.

– Не е прв пат опозицијата да промени став. Овој пат тоа е добро затоа што може да доведе до заеднички придонес за продолжување на европскиот пат на земјата, секако доколку останат на она што јавно го кажа Христијан Мицкоски. Има време за политичко ривалство, сега е потребна одговорност пред иднината на земјата, соопштија од СДСМ и потенцираа дека промената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ и прифаќањето уставни измени е добра основа за продолжување на дијалогот, за да се реализира европската агенда, во интерес на граѓаните и на државата.

Треба да знаете
Moже да ве интересира