СДСМ: Што слави ВМРО во Гостивар додека градот повторно е без вода?

СДСМ ја критикуваше ВМРО-ДПМНЕ поради најавената партиска прослава во Гостивар, обвинувајќи ја власта дека организира прослава во период кога, според партијата, градот повторно се соочува со проблеми со водоснабдувањето.

Претседателот на ОО СДСМ Гостивар, Бојан Зафироски, на прес-конференција праша што има да слави ВМРО-ДПМНЕ, наведувајќи дека Гостивар пет недели се соочува со проблеми со водата, а повеќе илјади граѓани имале здравствени проблеми.

„Што славите? Тоа што го отрувте цел град? Тоа што пет недели нема вода? Тоа што не се знае ниту сега дали водата е безбедна за пиење?“, праша Зафироски.

Од СДСМ повторно побараа јавно да бидат објавени документите и анализите за квалитетот на водата и го обвинија премиерот Христијан Мицкоски дека прогласил дека водата е безбедна за пиење без јавно да биде презентирана соодветна документација.

„Граѓаните со празни шишиња, без вода, а вие на партиски прослави“, порача Зафироски, додавајќи дека, според СДСМ, состојбата бара одговорност, а не партиска прослава.

Од партијата тврдат дека Гостивар и во текот на денот повторно бил без вода.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?