Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Скопските клиники не искористиле пет милиони евра за лекови

Вкупно 318 милиони денари, или пет милиони евра вратиле Клиниките во Фондот за здравствено осигурување во 2024 година. Неискористените средства се дел од таканаречените условни буџети, наменети за скапи и иновативни лекови. Иако пари имало, онколошки пациенти повторно реагираат дека нема лекови од нивната терапија, пишува Радио Слободна Европа.

-Одам по терапија, а терапија нема, вели пациентка која се лекува на Клиниката за онкологија додека чека нови информации за тоа кога би го добила лекот „палбоциклиб“, еден од шесте скапи лекови за кои пациентите реагираа дека во моментов ги нема на клиниката.

„Ми рекоа дека лекот можеби ќе го нема 2-3 месеци, се чекал тендер. Господ да ни е на помош“, вели за Радио Слободна Европа(РСЕ) пациентката која сакаше да остане анонимна.

На Клиниката за онкологија се повторува проблемот со недостиг на лекови, административни и тендерски процедури, и покрај тоа што Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) ѝ одобри дополнителни пет милиони евра на оваа клиника за 2024 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен