Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Средношколци во Јапонија со голема љубов го учат македонскиот јазик и култура

„Неверојатно со свои очи да видиш и да чуеш како на преку 11000 км од 🇲🇰 македонски јазик учат и зборуваат средношколци од Јапонија“, пишува државниот секретар во Министертвото за надворешни работи на Северна Македонија и дипломат од кариера Фили Тосевски како дел од впечатоците од неговата посета на училиштето Таканава во Токио.

Тосевски вели дека денот поминат меѓу овие ученици е незаборавно искуство.

„Браво за посветеноста на професорот Томоки Аојама. Благодарност за гостопримството и топлиот пречек во учичиштето до директорот, професорот и учениците и за подароците. Секако и ние им подаривме книги на македонски јазик“, напиша дипломатот Тосевски на социјалните мрежи, и изрази надеж дека „ќе имаме прилика во иднина да најдеме начин и да ги донесеме во Северна Македонија за која толку многу знаат и која толку многу ја сакаат“.

Треба да знаете
Moже да ве интересира