Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

УСАИД и НДИ во 2019 му помагале на ВМРО-ДПМНЕ да си ја испланира иднината

Актуелната владејачка партија, ВМРО-ДПМНЕ во 2019 година, како опозиција, добила помош од американските организации НДИ и УСАИД за да ги планираат нивните идни активности и стратегии.

НДИ, со финансиска помош од УСАИД организирале дводневен настан за ВМРО-ДПМНЕ во Струга со наслов „Рефлектирање за минатото, планирање за иднината“.  Настанот го отворил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Крис Хеншоу, Директор на НДИ Македонија и Гречен Биркл, Заменик помошник администратор за Европа и Евроазија, вршител на должно претставник на Канцеларијата УСАИД.

УСАИД и НДИ низ годините работеа со сите политички партии во земјава, помагајќи ги во континуитет внатрепартиските процеси на реформи, реструктуирање и подготвување на нови програми.

Сепак и покрај поддршката што ВМРО-ДПМНЕ ја добивала од УСАИД и американските организации, одредени членови на партијата со радување гледаат на одлуката на новиот американски претседател Доналд Трамп да ја замрзне речиси целата меѓународна развојна помош обезбедена од Вашингтон, освен клучните програми за хуманитарна помош со храна и воената поддршка за Израел и Египет.

Еден од таквите е и поранешниот лидер на партијата и премиер, Никола Груевски, кој вели дека УСАИД ја рушела неговата Влада во 2016 година, иако смената на власта во Македонија дојде во период кога во Белата куќа седеше актуелниот американски претседател Доналд Трамп. Американскиот Стејт департмент, под администрација на тимот на Трамп, 27 април го оцени како „најтемниот момент на Балканот таа 2017 година“, а како „најдобра вест во целиот регион го оцени формирањето на новата реформска влада“, тогаш под водство на Зоран Заев.

Од 1993 година поддршката за Македонија преку УСАИД достигна речиси една милијарда долари, надвор од воената. Американската агенција за меѓународен развој стана партнер и поддржувач на развојот на Македонија во во напорите за зајакнување на демократските практики и институции, зголемување на економскиот развој и подобрување на квалитетот на образованието.

Последиците од оваа мерка ги засегаат главно невладини организации и медиуми, но преку УСАИД помош добиваа и владини и други институции.

Зачлени се на нашиот е-билтен