Веро Центар ќе мириса на традиционална кујна – два дена гастро фестивал во Скопје

Веро Центар на 3 и 4 октомври ќе биде домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“, дводневна манифестација посветена на гастрономијата, традиционалната кујна, кулинарските вештини, едукацијата и хуманитарните активности.

Фестивалската програма двата дена ќе се одржува од 10 до 18 часот, а организатори на настанот се Веро Центар и Хуманитарната организација „Ангелчиња“.

Првиот фестивалски ден ќе донесе повеќе гастрономски натпревари и ревијални содржини. Предвидени се подготовка на национални јадења во котле, декорација на десерт „Black Box“, подготовка на месо на скара, како и правење баници и пити на лице место.

Посетителите ќе можат да проследат и презентации на национални кујни, ревијална изложба на ситни колачи и слатки пити, како и да го посетат Гастро пазарот.

Програмата ќе биде дополнета со музички и културни содржини.

Фестивалот има и хуманитарен карактер. Производите од ревијалниот дел, како и подготвените пити и баници, ќе бидат донирани на хуманитарната организација „Св. Спас“.

На 4 октомври програмата продолжува со Гастро пазар, натпревар во декорација на мали торти меѓу ученици од основни училишта и натпревар во брзо јадење десерти.

Предвиден е и концерт на ученици од Музичкото училиште „Андријана Јаневска“.

Организаторите очекуваат фестивалот да биде место за размена на искуства меѓу професионалците од гастрономијата, но и простор каде посетителите ќе можат директно да се запознаат со домашни и меѓународни учесници, шефови и судии.

„ИНТЕРФЕСТФУД 2026“ е наменет за професионалци од угостителството и слаткарството, ученици, излагачи од гастрономскиот и туристичкиот сектор, како и за пошироката јавност.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?