Жештината повторно притиска: Денес до 38 степени, за викендот локално и над 40

топлотниот

Сончево и топло време ќе преовладува денеска низ Македонија, со мала до умерена локална облачност. Максималните температури ќе се движат од 30 до 38 степени, а попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, додека утринските температури се движат од 12 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Температурата ќе достигне околу 37 степени, со слаб до умерен северозападен ветер.

Од четврток следува уште потопол и претежно стабилен период. Во петок температурите во делови од земјата дополнително ќе се зголемат, а за време на викендот локално се очекуваат вредности и над 40 степени.

Промена е можна во сабота, кога на повеќе места може да има краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. И покрај тоа, високите температури ќе продолжат и во деновите од викендот.

Во Скопје особено жешко ќе биде од четврток до почетокот на следната недела, со дневни максимуми околу 38 до 41 степен.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?