Урбаниот херој Далибор: пиљарот што бесплатно полни торби за сиромашните

Trn.mk ги открива хероите на нашето време и од нашето соседство.

Trn.mk ги открива хероите на нашето време и од нашето соседство. Колегите од редакцијата на фанзинот ТРН му оддаваат високо признание на Длибор, пиљарот што ни дава надеж на сите нас дека хуманоста и солидарноста не прават да бидеме луѓе.

Целата приказна му започнала со една 88 годишна англичанка, која што ја запознал за време на пандемијата. За време на нејзиниот престој во Франција, таа изгубила сѐ и пет дена била бездомник. Била приморана да бара храна по контејнери и да спие по паркови. Тогаш ја научила животна лекција и си ветила дека секогаш ќе помага на други луѓе.

Низ полните кутии со зеленчук и овошје ѕирка скромната хуманост на пиљарот Далибор. Тој несебично и секојдневно им ги полни кесите на сиромашните без да им земе денар. Посветен на хуманоста, никогаш не рекол “доста е”, напротив во очите му се препознава дека тој би дал производи без пари на сите. Неговaта хуманост и добрите дела се препознаени од многу луѓе на кои им била потребна помош во храна.

Далибор Илиевски од Скопје е 35 годишен човек  кој секој ден на луѓето што се социјално загрозени им подарува зеленчук и овошје и по некој совет за здрава исхрана. Тој веќе 22 години е сопственик на пиљара во скопската населба Тафталиџе. Поради финансиски проблеми, веднаш по завршување на основното училиште, тој започнал со работа, а потоа му се придружила и неговата сопруга Александра, со која има три деца на возраст од 10, 7 и 5 години.

Тимот на Трн се воодушеви од љубезноста и непосредниот однос на пиљарот.
Кога го прашавме како дошол до идејата да помага на луѓето што се социјално загрозени, тој раскажа дека целата приказна започнала од една 88 годишна англичанка, која што ја запознал за време на пандемијата.

За време на нејзиниот престој во Франција, таа изгубила сѐ и пет дена била бездомник. Била приморана да бара храна по контејнери и да спие по паркови. Тогаш таа научила животна лекција и си ветила себеси дека ќе помага на други луѓе. Кога и се подобрила финансиската состојба таа на сите бездомници им ги плаќала намирниците во локалната пиљара, а за ова добро дело дознале многу луѓе.

По нејзиното враќање во Англија таа починала, но за ова добро дело му имала раскажано на Далибор и како да му го оставила во аманет.

Секој ден кај Далибор доаѓаат по најмалку двајца сиромашни граѓани, а тој несебично им ги полни торбите со што стигне, без да води сметка дали им дава и од поскапите производи. Нему само му е важно луѓето да заминат дома со надеж дека нема да останат гладни ниту утре.

Луѓето кои што доаѓаат во пиљарата на Далибор, се скромни и повлечени, па на тој начин се “издаваат” дека им е потребна помош. Со оглед на тоа дека Далибор долго време работи со луѓе, веќе сам може да препознае дали некому му е потребна помош или не, и дали го лаже или не. Најмлад социјален случај му е 28 годишно момче, а најстариот е 94 годишна жена.

„Колку повеќе даваш, толку повеќе ти се враќа“ – не поздрави на заминување, а ние си помисливме колку малку треба да ги направиме луѓето среќни.  

Редакција Трн

Треба да знаете
Moже да ве интересира