Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Блокирана е банкарската сметка на ЈСП

Веќе неколку дена е блокирана сметката на ЈСП бидејќи должи за нафта на добавувачот, вели директорот на ЈСП, Драги Кушовски, кој не можеше да ја прецизира точната сума на долгот. Кушовски потврди дека ЈСП објавил тендер за директни преговори, но никој не се пријавил. 

Советот на Град Скопје денес одржа вонредна седница откако вчеравечер советничката група на ВМРО-ДПМНЕ имаше средба со приватните превозници, на која тие им понудија привремено решение да им се исплаќа по 100 денари за изминат километар.

Според координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски, оваа цена би требало да се применува од декември за што би се направил ребаланс на годинешниот буџет, а во буџетот за 2025 година да се обезбедат средства за првите пет месеци од годината.  Но, според советниците од СДСМ, ова не е изводливо бидејќи веќе е поминат рокот за ребаланс на буџетот на локалната самоуправа. 

Се уште нема решение за приватните превозници кои се заканија дека доколку до крајот на неделава не се реши нивниот проблем, од понеделник ќе го блокираат градскиот сообраќај.

Зачлени се на нашиот е-билтен