Четворица американски војници загинале за време на вежби во Литванија

Четворица американски војници загинаа за време на вежби во Литванија, потврди генералниот секретар на НАТО Марк Руте за време на посетата на Варшава, пренесува Ројтерс.

„Додека го држев мојот говор, дојде вест за смртта на четворица американски војници во инцидент во Литванија“, изјави Руте на новинарите, наведувајќи дека се уште не ги знае деталите.

Американската амбасада во Вилнус претходно денеска извести дека четворица американски војници исчезнале во вторникот попладне и дека литванската војска и полиција, заедно со американската војска, трагаат по нив.

Амбасадата објави на социјалната мрежа Х дека војниците исчезнале на полигонот во близина на Пабраде во источна Литванија, блиску до границата со Белорусија, јавува Ројтерс.

Војниците од 1-та бригада, 3-та пешадиска дивизија, во моментот на инцидентот изведувале планирана тактичка обука“, се вели во соопштението.

Зачлени се на нашиот е-билтен