Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Европа сака да ја зголеми старосната граница за пензионирање на хрватските граѓани со бонус за секој ммесец

Европската комисија во својот извештај предлага пет мерки за Хрватска во системот на пензиско осигурување, јавија хрватски медиуми. Поради лошите демографски движења, односно стареењето на населението, целта е да се поттикне подолго да се работи до пензионирање, но и да се обесхрабри предвременото пензионирање.

Тука доаѓаме до омразениот предлог за постепено зголемување на старосната граница за старосна пензија. Но, Европа укажува и на работи од кои имаат корист пензионерите, а тоа се зголемување на неоданочениот дел од пензијата, поправеден модел на усогласување и заштита на пензионерите со ниски примања, наведуваат медиумите.

Европа сака да ја зголеми старосната граница за пензионирање на хрватските граѓани. Сепак, извештајот на Европската комисија дава поширок контекст на оваа непопуларна мерка, која беше прекината во Хрватска во 2019 година со иницијативата за референдум на синдикатот „67 е премногу“. Тогаш, не помалку важно, пенализацијата за предвремено пензионирање беше намалена на 0,2 отсто месечно.

Премиерот Андреј Пленковиќ веќе за следната година најавува зголемување на бонусот за оние кои продолжуваат да работат по исполнување на условите за старосна пензија. Бонусот сега изнесува 0,45 отсто за секој месец подоцнежно пензионирање, а најмногу за пет години, што теоретски носи 27 отсто повисока пензија.

Зачлени се на нашиот е-билтен