Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Изборот на новата ЕК на дневен ред на овонеделното заседание не Европарламентот 

Гласањата за одобрување на новиот состав на Европската комисија и на Предлог-буџетот на ЕУ за 2025 години, и двете предвидени за в среда, се главни теми на овонеделната пленарна сесија на Европскиот парламент во Стразбур. 

Заседанието почнува доцна попладнево со дебата посветена на состојбата и новите трендови во борбата против насилството врз жените во рамките на ЕУ, но и на глобално ниво, во контекст на денешниот Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените. 

Европратениците утре ќе дебатираат за договорот постигнат меѓу претставниците на Европскиот парламент и на земјите членки на ЕУ за буџетот на Унијата за 2025 година. На барање на ЕП во буџетската рамка на блокот за следната година се обезбедени повеќе средства за спроведување на клучните програми и политики на ЕУ насочени кон подобрување на животот на луѓето, зајакнување на конкурентноста и справување со предизвиците поврзани со климата, здравјето, миграцијата и одбраната. 

Гласањето по Предлог-буџетот на пленарното заседание е предвидено за среда, по што доколку тој биде одобрен, претседателската на Европарламентот, Роберта Мецола веднаш ќе ја потпише одлуката за негово одобрување. 

Зачлени се на нашиот е-билтен