Израелската полиција уапси три лица под сомнение дека предизвикале неколку пожари во близина на Ерусалим, во кои денеска се повредени најмалку 12 лица, меѓу кои и две бебиња.
„Тајмс оф Израел“ наведува дека идентитетот на осомничените, како и нивниот мотив, сè уште не се познати.
Израелската противпожарна и спасувачка служба соопшти дека имало најмалку пет пожари во ридовите во близина на Ерусалим и дека неколку заедници биле евакуирани, додека еден пат бил затворен.
Канал 12 објави дека Италија и Грција испраќаат помош во Израел, а се очекува авионите да пристигнат за неколку часа.
Палестинската власт, исто така, понудила помош во форма на противпожарни екипи, што веќе се случило и во минатото, но Израел сè уште не одговорил на понудата, рекол безбедносен извор за „Тајмс оф Израел“.