Играте табла? Македонците добија домашна платформа за онлајн игра

Македонската софтверска компанија INTELINK ја претстави TableHub, нова мултиплеер платформа преку која корисниците можат да играат табла онлајн со други играчи, со пријатели или против компјутер.

Првата јавна тест-верзија веќе е достапна преку веб и на мобилни уреди, а платформата е замислена како место на кое ќе бидат собрани повеќе варијанти на таблата, а не само класичниот Backgammon.

Во моментов корисниците можат да играат класична табла, како и Plakoto, Fevga, Gul Bara и Acey-Deucey.

Од INTELINK велат дека идејата произлегла од фактот што таблата се игра во различни форми низ Балканот, Грција, Турција, Блискиот Исток и други региони, со различни правила и имиња.

„Не сакаме да направиме уште една апликација за Backgammon. Сакаме да создадеме дигитално место каде што заедниците што ја играат таблата ќе можат да се сретнат“, велат од компанијата.

Покрај директна игра со други корисници, платформата овозможува поканување пријатели, игра против компјутер и кратки серии. Предвидени се и профили, рангирања, турнири и други натпреварувачки формати.

Играчите користат еден профил за сите варијанти, а во иднина треба да се додаваат и нови локални правила и начини на игра.

TableHub е развиен во Македонија, но е наменет за меѓународниот пазар. Почетниот фокус ќе биде на земјите и регионите каде таблата има силна традиција.

Љубителите на онлајн игри сесе поканети да ја пробаат и да споделат забелешки и предлози со клик на овој линк: tablehub.intelink.mk

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?