Таравари: Со пакет мерки да ги решиме грбот, химната и другите заостанати прашања

-ВРЕДИ е подготвена да разговара за се. За жал, во минатиот период повеќе, така да речам, осетливи теми се ставаа под тепих и некако се сокриваа, не сакавме да се соочиме. Ние сме подготвени да разговараме за пакет мерки кои се нерешени во изминатите 20 – 30 години и во пакет да ги решиме, зошто тука да не бидат и грбот и химната и 20 отсто и други етнички прашања ако има и веќе да се фокусираме на економијата, евроинтеграцијата, антикорупцијата,… Тоа ги интересира граѓаните, подобри плати, подобар живот,…, истакна Таравари.

На прашањето што треба да стои на грбот, Таравари одговори дека во ВРЕДИ се уште не ја отвориле оваа тема.

-Подготвени сме и мислам дека би било убаво да ги отвориме сите теми и да најдеме решение, а не да ги оставиме и да видиме дали понатаму ќе ги решиме, повтори Таравари.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?