Според истражувањето на британските експерти, петте најатрактивни туристички дестинации во светот за оваа година, ќе бидат Кејп Таун, Бангкок, Њујорк, Мелбурн и Лондон.Заклучокот бил донесен врз основа на изјавите на 18.500 луѓе ширум светот кои зборувале за храна, атракции, безбедност, ноќен живот и културни настани во градовите во кои живеат, како и врз основа на проценката на експертите од веб-страницата Timeout.com, кои ги анализирале нивните одговори.
Според британската веб-страница за туризам, анкетираните жители го искажале своето мислење врз база на достапноста по разумна цена квалитетна храна и уметност, дружењето, пронаоѓањето на љубов, природата.
За градот кој е рангиран на првото место, Кејп Таун во Јужна Африка, е наведено дека е единственото место во светот каде посетителите можат да се дружат со колонија на африкански пингвини, да пробаат некои од најдобрите светски вина, да шетаат по плажите со сино знаме и да доживеат некои од најеклектичниот ноќен живот и вибрации во светот.
Главниот град на Тајланд, Бангкок, се најде на второто место на листата на најпосакувани градови и затоа што, според сајтот, е еден од најпријателските градови во светот.
Њујорк се најде на третото место во однос на препорачаните посети бидејќи, според сајтот, тој во моментов е официјално највозбудливиот град на планетата, а 78 отсто од њујорчаните го опишуваат како таков. Австралиската метропола Мелбурн се најде на четвртото место на туристичката листа, наведувајќи ги нејзините врвни места за јадење и најрелаксираните улици, додека британскиот главен град Лондон, кој се најде на петтото место, многу се препорачува за туристите поради неговата брилијантна кујна, култните пабови и непобедливите можности за купување. На листата на 50 најатрактивни градови за посета оваа година, меѓу другите се и Њу Орлеанс, Мексико Сити, Шангај и Копенхаген.