Туск најави „нов почеток“ во односите на Полска со Германија

Полскиот премиер Доналд Туск најави „нов почеток“ во односите со Германија при пречекот на новиот германски канцелар Фридрих Мерц, кој пристигна на првата официјална посета на Варшава откако беше избран на функцијата.

Туск нагласи дека земјите од Европската Унија треба да работат на зачувување на Шенген зоната за слободно патување и дека напорите за гранична контрола треба да бидат насочени кон надворешните граници на Унијата.

– Полска нема да прифати групи нелегални мигранти, кои би биле испратени на нејзина територија, додаде Туск.

Изјавата на полскиот премиер следува по најавата на Германија дека ќе враќа нелегални мигранти, вклучително и баратели на азил, уште на своите граници.

„Ќе имаме многу теми за дискусија, за да не се создаде впечаток дека некој, вклучително и Германија, би сакал да испрати какви било групи мигранти во Полска. Полска тоа нема да го прифати“, изјави Доналд Туск. 

Зачлени се на нашиот е-билтен