Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Белград побара од Врховното обвинителство на Србија да одземе два автомобили „Нисан Кашкаи“ од Вишото јавно обвинителство (ВЈТ) во Белград, кои ги донирала на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата (ПОСК) пред неколку години, објавува денес весникот „Нова“.
Според информациите на „Нова“, автомобилите што биле земени од ВЈТ, на чело со Ненад Стефановиќ, наводно не биле користени за целите за кои биле донирани, односно за потребите на ПОСК, туку „исклучиво за лична погодност на лицата што ги добиле на употреба“.
Амбасадата контактирала со Врховното јавно обвинителство, единственото овластено за меѓународна соработка, комуникација и правна помош меѓу Србија и САД, и побарала двата автомобили „Нисан Кашкаи“ веднаш да бидат конфискувани од ВЈТ и пренасочени, повторно како донација, на друг ПОСК, пишува весникот.
