Бугарија се мобилизира да го спречи Вајц да го исфрли Вториот протокол од финалниот извештај за Македонија што треба да го усвои ЕП

Бугарија

Бугарските европратеници имаат помалку од еден месец да ги мобилизираат големите европски семејства и да го одбранат местото на Вториот протокол во резолуцијата, со цел да го спречат Вајц да го истурка надвор од Ивештајот за Македонија што на 6 јули ќе се најде на пленарна седница на Ецвропскиот Парламент.

Ова произлегува од написите во бугарските медиуми во кои е очигледно дека во Бугарија се вознемирени зашто неколку дена откако текстовите беа усвоени од страна на АФЕТ, комитетот на Европскиот Парламент, известувачот Томас Вајц поднесе официјален предлог за нов амандман.

Со Амандманот 3, тој инсистира на целосно бришење на ставот 73 од текстот на идната резолуција. Зад оваа навидум строго техничка постапка лежи политички маневар: ако амандманот биде усвоен, текстот нема конкретно да го спомене Вториот протокол кон Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Во предметниот став се инсистира Заедничката историска комисија да постигне „јасни и опипливи резултати“, потпирајќи се исклучиво на „објективни, автентични и докажани историски извори и документи“, „во согласност со одредбите од Вториот протокол“. Терминот „заедничка историја“ е исто така присутен таму.

Во исто време, Вајц го остава ставот 71 недопрен, барем според јавно достапните информации, во кој важноста на Комисијата е наведена во многу поблага верзија и правилно е забележано дека самите историски толкувања не се дел од формалните критериуми за членство во ЕУ.

За Бугарија проблемот е што со барањето за бришење на ставот 73, австрискиот европратеник го продолжува својот напад врз Вториот протокол. Северна Македонија се обидува да протурка замена во суштината на дебатата, обидувајќи се да го сведе документот само на незначителни историски спорови за да го оправда неговото бришење.

За бугарската политичка елита Вториот протокол, за разлика од слободните толкувања според нив, е официјално напишан како дел од Преговорната рамка на ЕУ за Скопје и неговата имплементација е правно обврзувачка.

Во AFET комитетот, првичниот предлог на Вајц (Амандман 108), со кој тој отворено се обиде да го доведе во прашање неговиот статус пред Правната служба на Советот, пропадна и беше отфрлен.

Овој пат, барајќи бришење на целиот став 73, известувачот се обидува да го отстрани споменувањето на Вториот протокол од конечната резолуција.

За Софија новиот амандман на Вајц покажува дека Северна Македонија останува „во игра“ и е  подготвена за реванш. Неуспехот во АФЕТ, македонската дипломатија ја пренесе на следно, одлучувачко ниво – во пленарната сала на 6 јули.

Најчитано