Синоќа во Тирана се одржа протест на опозицијата, за време на кој се судрија демонстрантите и полицијата.
За време на протестот на опозицијата одржан во Тирана, дошло до конфликт меѓу демонстрантите и полицијата, според албанските медиуми.
Собраните пред седиштето на владата на Албанија, на протест организиран од Демократската партија предводена од Саљи Бериша, побараа оставка од премиерот Еди Рама.
По завршувањето на говорот пред зградата на владата, демонстрантите се упатија кон Министерството за внатрешни работи, но полицијата ги запре со кордон и употреба на водени топови.
Потоа демонстрантите фрлаа молотови коктели, додека полицијата одговори со солзавец и водени топови за да ја растера толпата.
Албанските медиуми јавуваат дека синоќа поради протести и судири биле блокирани неколку важни патишта во центарот на Тирана.
Како што објавува „Албански дејли њуз“, албанската полиција покрена кривични постапки против седум лица поради насилството што избувна за време на протестот.