Мал авион падна претпладнево во нива во близина на местото Роковци, недалеку од Винковци во источна Хрватска. Во несреќата загинал 64-годишниот пилот, кој бил единственото лице во леталото.
Пријавата во Центарот 112 била примена околу 10:03 часот, по што на местото веднаш биле испратени полицијата, пожарникарите и екипи на итната медицинска помош. Бил ангажиран и хеликоптер за итен медицински транспорт.
Авионот бил пронајден во поле со пченка покрај пистата. Пилотот првично давал знаци на живот и лекарските екипи се обиделе да го реанимираат, но тој им подлегнал на повредите.
Хрватската полиција соопшти дека добила пријава за принудно слетување на помало летало во околината на Винковци. Причината за несреќата засега не е соопштена, а надлежните ги утврдуваат околностите под кои авионот завршил во нивата.

