Поддршка од европратеничката Ана Миранда за Васил Стерјовски

Пратеничката во Европскиот парламент Ана Миранда, преку видео порака искажа поддршка за Васил Стерјовски и упати апел тоа што помасовно да го направат граѓаните на округот Корча, каде што тој е на кандидатската листа за пратеник.

-Почитувани граѓани на округот Корча, утре, на 11 мај, вие имате моќ да ја обликувате иднината на вашиот регион и вашата земја. Јас сум Ана Миранда, пратеничка во Европскиот парламент и од срце го поддржувам Васил Стерјовски, кој се кандидира за пратеник во округот Корча на листата на Социјалистичката партија, вели таа во видеото објавено на социјалните мрежи.

Според неа, Васил не е само политичар, тој е посветен глас на сите етнички заедници, неуморен застапник за правда и вистински верник во европската иднина на Албанија.

-Како претседател на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), активен член на Европската слободна алијанса, тој претставува единство, напредок и надеж. Сега е време да застанеме зад лидерите кои ги зближуваат луѓето и се борат за подобро утре. Гласајте за Васил Стерјовски, глас за различноста, еднаквоста и европските вредности. Гласајте за него, порачува Миранда.

Стерјовски е на отворената кандидатска листа на Социјалистичката партија во Изборна единица Корча, но како кандидат на МАЕИ и е единствен кандидат Македонец на овие избори.

Зачлени се на нашиот е-билтен