Полскиот јутјубер Лил Нарцис беше пронајден мртов во Хрватска, еден месец откако исчезна без трага. Имаше 23 години.
Јутјуберот Никодем Чижевски, попознат онлајн како Лил Нарцис, се водеше како исчезнат од почетокот на април и последен пат контактирал со семејството на 8 април.
Полицијата во Гливице, Полска, објави дека потрагата е официјално завршена откако доби потврда дека неговото тело е пронајдено во Хрватска, пишува TMZ. Причината за смртта сè уште не е објавена.
Лил Нарцис собра повеќе од 450.000 претплатници на YouTube благодарение на неговите провокативни комични видеа, вирална содржина за животен стил и провокативни дис-трак песни, од кои некои добија милиони прегледи.
И покрај големиот успех, тој се повлече од YouTube, а неговото последно видео беше објавено на овој канал во ноември 2021 година.
Голем број обожаватели се огласија по трагичната вест и изразија сочувство до семејството за трагедијата.