Сивило, врани, намалена видливост, луѓе со маски на лицата и празни улици… Сараево утрово изгледа како сцена од хорор филм, пишува „Кликс“.
Воздухот во Сараево е позагаден од градови како Дака (Бангладеш), Делхи (Индија) и Карачи (Пакистан), кои се познати по екстремното загадување.
Во 8 часот утрово, концентрацијата на штетните честички PM2,5 била 61 пат поголема од препорачаната годишна граница на Светската здравствена организација (СЗО). Индексот на квалитет на воздухот (AQI) изнесуваше 460, според швајцарската компанија IQAir, која редовно објавува листи на најзагадени градови и произведува прочистувачи за воздух.
И локалните мерења покажуваат дека воздухот е опасен за здравјето. Владата прогласи вонредна состојба поради високите нивоа на загадување.
Во споредба со регионот, Сараево е на врвот на листата, но и други градови бележат алармантни вредности. Приштина е на 15-то место со индекс 161, Скопје на 19-то место со индекс 153, додека Белград и Загреб се подобро рангирани со 85 и 66.
Загадувањето останува сериозен проблем, а експертите предупредуваат дека итно се потребни мерки за заштита на јавното здравје.