Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес изјави дека сите земји во регионот мора да се запрашаат зошто Србија толку многу се вооружува, оценувајќи дека тоа е неверојатен процес што делува како „шопинг манија“.
На прес-конференција во Загреб, тој истакна дека Хрватска „многу внимателно ја следи“ ситуацијата во Србија и дека тоа е „неверојатен процес на вооружување, речиси „шопинг манија“ во сите делови на светот“, објави агенцијата Хина.
Пленковиќ го изјави ова по средбата со баварскиот премиер Маркус Зедер, кога беше прашан за изјавата на хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ, кој во Задар рече дека реториката на Србија е агресивна и непријателска и дека земјата сè повеќе се вооружува.
Пленковиќ потсети дека вооружувањето на Србија било дискутирано на советите за одбрана и национална безбедност, но и дека Хрватска разговарала за тоа „со своите партнери“.
Нагласувајќи дека Хрватска, како членка на ЕУ и НАТО, се грижи за својата безбедност и дека во последните десет години го тројно зголемила својот буџет за одбрана, Пленковиќ додаде дека капацитетите што ги развива „не се закана за никого“, туку се средство за одвраќање за да се избегне повторување на агресијата од 90-тите години.
Неверојатен процес што делува како шопинг манија