Турскиот тренер Хамза Хамзаоглу е најновото име што се поврзува со селекторската клупа на македонската фудбалска репрезентација. Според информациите на турскиот новинар Решат Џан Озбудак, веќе се започнати разговори за негов можен ангажман.
Засега нема официјална потврда од Фудбалската федерација на Македонија за преговорите, ниту објава за постигнат договор или промена на селекторската позиција.
Хамзаоглу ѝ е познат на македонската јавност од периодот кога го предводеше Галатасарај, каде што соработуваше со Горан Пандев во сезоната 2014/15. Со истанбулскиот клуб ги освои турското првенство, Купот и Суперкупот.
Последниот ангажман го имаше во саудискиот Ал Шабаб, како помошник на Фатих Терим. Оттаму замина во јуни 2025 година. Во кариерата водеше повеќе турски клубови, меѓу кои Бурсаспор, Анталијаспор, Генчлербирлиги, Кајсериспор и Ризеспор.
Информациите за можен негов ангажман доаѓаат по разочарувачките настапи на Македонија во Лигата на нации, каде што репрезентацијата ја заврши групната фаза со шест порази.
