Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бретон: Не е исклучено да се забрани платформата Икс на Маск во земјите на ЕУ

Еврокомесарот за внатрешен пазар Тјери Бретон изјави дека е правно возможно да се забрани платформата Икс, сопственост на Илон Маск, во земјите на Европската Унија.

Бретон во интервју за француската „LCI“ истакна дека ваквата одлука не би била произволна, туку ќе се темели на законска основа, доколку поранешен Твитер не ги почитува законите на ЕУ за дигитални услуги (DSA) и дигитални пазари (DMA), пренесува Анадолија.

Бретон потсети дека платформата Икс веќе беше забранета во Бразил, и предупреди дека евентуална забрана во Европа би имала сериозни финансиски последици за Маск.

Критиките кон Маск се засилија поради неговите објави на социјалните мрежи, кои изразуваат поддршка за екстремно десничарски партии во Европа, како и поради таргетирање на европски политичари.

Европските политичари ја повикаа ЕУ да преземе мерки против ваквите објави на Маск, обвинувајќи го за мешање во изборите и внатрешните работи на земјите. 

Зачлени се на нашиот е-билтен