Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ досега обезбеди 20 милијарди долари за поддршка на Украина од целосната инвазија на Русија

Зградата Берлејмонт осветлена со украинското знаме, по повод нападот на Русија против Украина/ Фото: Wikimedia Commons

Земјите-членки на ЕУ и нејзините институции од почетокот на руска инвазија обезбедија 20 милијарди долари за поддршка на економската и финансиската стабилност на Украина.

Ова го изјави премиерот на Украина Денис Шмихал на владина седница, пренесува Укринформ.

 Од почетокот на целосната руска инвазија, ЕУ стана главен донатор на украинскиот буџет. Земјите-членки на ЕУ и нејзините институции обезбедија 20 милијарди долари за поддршка на економската и финансиската стабилност на Украина, рече Шмихал.

Според него, европската воена помош и помага на Украина да го запре рускиот окупатор. Десетте пакети санкции на ЕУ против Русија значително ја искомплицираа способноста на режимот на Кремљ да ја финансира оваа агресија. „И ние сметаме на продолжување на оваа политика на санкции. Благодарни сме на нашите европски пријатели и сојузници за нивната хуманитарна помош; што примија милиони украински семејства. Благодарни сме за сета солидарност и поддршка. Бидејќи победата на Украина е победа на Европа“, изјави премиерот.

Марта Пешевска (CivilMedia)

Треба да знаете
Moже да ве интересира