НАТО ја крева поддршката за Украина по новиот бран саботажи

НАТО ќе ја зголеми поддршката за Украина поради зачестените саботажи, кибернапади и други хибридни активности што западните земји ѝ ги припишуваат на Русија, најави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.

Руте порача дека ваквите активности нема да ја сменат политиката на НАТО кон Киев и дека сојузниците ќе продолжат со воена и друга поддршка.

Во последниот период повеќе европски земји пријавија инциденти со беспилотни летала, кибернапади, саботажи и нарушувања на воздушниот простор.

Европски и НАТО-претставници оценуваат дека станува збор за поширока хибридна кампања чија цел е да се создаде страв и да се ослаби политичката волја за поддршка на Украина.

Москва ги отфрла обвинувањата дека стои зад дел од овие инциденти.

Врховниот командант на силите на НАТО во Европа, Алексус Гринкевич, исто така повика европските земји појасно да реагираат на ваквите активности и да не дозволат тие да влијаат врз поддршката за Киев.

Паралелно со политичките пораки, НАТО ја засилува и практичната помош за Украина, особено во делот на противвоздушната одбрана и заштитата на критичната инфраструктура.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?