Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ОН: Тешки и далекусежни последици за илјадници лица по делумното уривање на браната Нова Каховка во Украина

Обединетите нации денеска предупредија на „тешки и далекусежни последици за илјадници лица“ по делумното уривање на браната Каховка во јужна Украина.

Би-Би-Си јавува дека официјалниот претставник за хуманитарни прашања на ОН, Мартин Грифитс, изјави дека размерите на катастрофата кај браната ќе станат јасни дури во наредните денови.

Илјадници луѓе ги напуштија своите поплавени домови во областите околу браната. Се стравува дека нивото на водата може дополнително да се зголеми.

Украина и Русија меѓусебно се обвинија за вчерашното делумно кревање на горниот дел од браната во воздух.

Украинските власти синоќа соопштија дека во тек е евакуација на „повеќе од 17.000“ цивили од поплавените подрачја околу браната Каховка кон југ.

Треба да знаете
Moже да ве интересира