Рекорден викенд на Канарските Острови, за три дена пристигнаа 3.684 мигранти

На Канарските Острови од петокот до неделата пристигнаа 3.684 мигранти, најголем дел на Ел Јеро. Само во саботата шпанските спасувачки екипи им помогнаа на 1.580 луѓе во 15 чамци. Тоа е највисоката бројка на пристигнувања во еден ден на оваа атлантска рута, според шпанската агенција ЕФЕ.

Во неделата на Ел Јеро пристигнале уште 1.261 лице во седум чамци. Повеќето биле однесени во пристаништето Ла Рестинга, а останатите во Ла Естака. Најмалку три лица биле пренесени во болница.

Шпанскиот министер за територијална политика Анхел Виктор Торес најави дополнителен спасувачки брод и состанок во вторник за нови мерки. Владата претходно одвои 15,18 милиони евра за дополнителни места во центрите за прием и за организирани префрлања меѓу островите и кон континентална Шпанија.

Канарските Острови се една од главните точки на пристигнување во Шпанија за луѓето што тргнуваат од брегот на Западна Африка. Долгото патување преку Атлантикот во преполни чамци ја прави оваа рута една од најопасните во светот.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?