Рубио негира дека САД намерно ѝ наштетиле на Украина, Трамп е разочаран од обвинувањата

Рубои

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Вашингтон не ги ограничува намерно воените испораки за Украина, а претседателот Доналд Трамп е „разочаран“ од обвинувањата дека намерно му штети на Киев, вклучително и со наводното запирање на споделувањето разузнавачки информации.

За време на неговата посета на Индија, Рубио ги отфрли обвинувањата дека САД намерно задржуваат воена опрема од Украина, која бара напредни пресретнувачи на ракети „Патриот“ за да се спротивстави на руските напади.

„Ништо не се задржува намерно од Украина. Само е прашање на наоѓање рамнотежа помеѓу нашите обврски кон другите партнери и, искрено, нашите сопствени потреби, вклучително и за нашите објекти“, рече американскиот државен секретар, цитиран од АФП.

Рубио, исто така, ја коментираше реакцијата на Трамп на обвинувањата дека постапките на американската администрација биле насочени против украинските интереси.

„Претседателот е фрустриран затоа што, пред сè, не сака да биде обвинет за работи што не се вистинити, вклучително и тврдењата дека некако наредил да се запре споделувањето разузнавачки информации. Тоа не е вистина и тој тоа го повторувал постојано“, нагласи Рубио.

„Мислам дека претседателот најмногу реагира на сугестијата дека некако презема мерки за намерно да ѝ наштети на Украина, што не е ниту фер ниту вистина“, додаде тој.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?