Во Судан од почетокот на конфликтот околу 500 деца починале од глад

 Од почетокот на конфликтот во Судан во април оваа година, околу 500 деца починале од глад, вклучително и дваесет бебиња во сиропиталиштето во главниот град Картум, со кое раководи Владата, објави организацијата Спасете ги децата (Save the Children).

Организацијата во соопштението наведува дека најмалку 31.000 деца немаат пристап до третман против неухранетост и други поврзани болести, бидејќи добротворната организација беше принудена да затвори 57 од своите центри за храна во Судан.

Судан западна во хаос по неколкумесечните тензии меѓу армијата и ривалската паравоена фракција, што на 15 април ескалираа во отворен вооружен конфликт, претворајќи ги Картум и другите урбани области во боишта.

Треба да знаете
Moже да ве интересира