ААВМУ го осуди физичкиот напад врз новинарот Фуркан Салиу

„Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот физички напад од страна на извршителката Весна Јакимовска од Кичево, врз новинарот Фуркан Салиу од ПорталИкс“, објави денеска во соопштението до медиумие агенцијата.

Во осудата на ААВМУ се истакнува според Кривичниот законик напад на новинар се третира како напад врз службено лице, апсолутно е неприфатливо ваквото однесување од лица кои спроведуваат делови од правниот систем.  

„Како и во повеќе наврати досега, Агенцијата посочува дека е неопходно да се овозможат услови за безбедно и професионално извршување на работните задачи на претставниците на медиумите“, пишува во соопштението на ААВМУ.

Треба да знаете
Moже да ве интересира