Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Аеродромите на поранешна Југославија годинава имале 15 милиони патници, Скопје на седмо место


Комерцијалните аеродроми низ поранешна Југославија опслужија вкупно 14.949.672 патници во првата половина од годината, пишува ExYuAviation. Само во јуни аеродромите во регионот забележале 3,95 милиони патници.

Меѓу нив, три аеродроми се издвоија поради високата стапка на раст на бројот на патници во однос на истиот месец во 2023 година. Најпрво аеродромот во Сараево со пораст во јуни од неверојатни 51,2%, потоа Задар со раст од 29,5% и Тиват кој имаше пораст од 27,4%.

Неколку регионални аеродроми забележаа послаби резултати во текот на јуни, меѓу кои аеродромот во Тузла, кој имаше пад од дури 78,9%, Ниш, кој имаше 21,7% помалку патници отколку во јуни 2023 година и Охрид, кој загуби 16,4% од патниците во однос на минатата година. Намалување во однос на лани бележат и низа други аеродроми, меѓу кои Скопје, Осиек, Риека и Краљево.

Број на патници на аеродромите од екс-Ју во јуни 2024 година:

Белград – 775.495
Сплит – 537.326
Дубровник – 431.771
Загреб – 406.031
Приштина – 334.995
Задар – 273.099
Скопје – 265.983
Сараево – 202.515
Подгорица – 184.049
Тиват – 157.736
Љубљана – 148.159
Пула – 84.712
Бања Лука – 37.492
Ниш – 33.617
Риека – 26.202
Охрид 24.267
Тузла – 13.691
Мостар – 5.431
Осиек – 4.922
Брач – 4.315
Краљево – 1.393

Во првите шест месеци, белградскиот аеродром беше рангиран на 72. најпрометни на континентот, веднаш зад Палермо, Софија и Глазгов, но пред Рејкјавик, Ибица и Ларнака.

Загреб беше позициониран на 103-то место од најпрометните, зад Тбилиси, Трондхајм во Норвешка и Вроцлав, но пред Ставангер во Норвешка, Рим Чампино и Лидс. Приштина го зазеде 108. место. Беше веднаш зад Ист Мидлендс, но пред Сантијаго де Компостела, Нирнберг и Лондон Сити. Скопје е рангирана на 127. место, главниот град на Македонија е зад Клуж, Корк и Ханија, но пред Тромсо, Олбија и Понте Делгада.

Во текот на првата половина од годината, словенечкиот пазар беше најбрзо растечки во поранешна Југославија со раст од 21,5%. Косовскиот пазар порасна за 20,5%, Хрватска забележа раст од 19,2%, Црна Гора 15,6%, Србија 11,2%, Македонија 9%, додека бројките во Босна и Херцеговина паднаа за 11,2%. Повеќето европски пазари забележаа годишен раст во првата половина од годината. Исклучок беа Русија (-16,8%) и Ерменија (-1,8%).

Најново