Агелер: ВМРО-ДПМНЕ да објави што нуди за евроинтеграциите на земјата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ да објави што нуди за евроинтеграциите на земјата, вели во интервју за ТВ 24, американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер. Таа порача дека би била среќна ако Мицкоски го покаже планот, но уште поважно е транспарентно да го покаже пред граѓаните, истакнува амбасадорката на САД во нашата земја во интервјуто за оваа телевизија.

Таа уште вели дека САД би биле апсолутно разочарани доколку не се спроведат уставните измени и не продолжи преговарачкиот процес за членство во ЕУ, иако, како што вели Агелер, Америка и Северна Македонија се во стратешко партнерство и тоа нема да влијае на меѓусебните односи.

Во интервјуто со Агелер се опфатени и темите дали предизборно ќе се проширува црната листа на САД, каков изборен цикулус очекува во Македонија, за корупцијата во земјата, ситуацијата на онкологија…

Интревју ќе се емитува во вестите на ТВ 24 во 20 часот.

Треба да знаете
Moже да ве интересира